На спортскиот аеродром Аџитепе, Куманово, утре ќе се одржи првиот собир на автомобили, соопштија денеска организаторите, клубовите „Тјунингславија“ (Tuningslavia) и „ИлегалХантерс“ (Ilegal Hunters). На Аџитепе се очекува да се презентираат околу 500 автомобили. Влезот за посетителите е бесплатен.
Забележа дека секако ова не се доволни средства за во целост да се покрие лекувањето на младата штипјанка. Јорданов додаде дека се надева дека ова можеби ќе ги мотивира граѓаните и општествено-одговорните компании да се организираат и донираат за Омерова
Нема вода во каналите за наводнување К 1 и К 2, реагираше денеска на прес конференција, претседателот на Здружението на Тиквешки лозароовоштари, Дане Јошев.
Сметките за февруари од март почна да ги издава „Заубермахер“, но наместо по жител, наплаќа по квадратен метар на домаќинството, а граѓаните реагираат дека податоците во фактурите не се точни за квадратурата, а има и другите грешки.
Според УХМР, поради големата енергија во атмосферата наместа процесите ќе бидат и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град
До 22 јуни ќе се врши пневматско испитување на цврстината и непропусноста на гасоводот Скопје - Гостивар, поради што ќе биде регулирано движењето во близина на оваа гасоводна делница.
Точно е, додава, дека не можат подобро да ги штитат интересите, да ги покренуваат проблемите на малцинствата отколку самите нивни претставници во парламентот и тоа се покажа во последните 30 години.
Над 800 ученици од основни и средни училишта учествуваа во денешната велосипедска парада во Кавадарци, во организација на Сојузот за училишен спорт.
Општина Кавадарци организира културно лето во наредните три месеци. Според програмата за реализација усвоена од општинскиот Совет на последната седмица, на агендата се културно уметнички настани, едукативни работилници, претстави, спортски игри, ликовни колонии, проекции на филм и други случувања.
Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска прусуствуваше на отворањето на Европската куќа во Струга, шестиот објект што Европската унија го отвора во земјава.