Над 800 ученици од основни и средни училишта учествуваа во денешната велосипедска парада во Кавадарци, во организација на Сојузот за училишен спорт.

- Денеска улиците во градското подрачје беа исполнети со деца со спортски дух. Оваа масовна велосипедска парада со возење велосипеди низ улиците на град Кавадарци, ја има токму таа цел, да ги научи децата дека спортот е важна алка од процесот на здраво растење. На крајот од парадата по пат на лотарија беа доделени и два велосипеда на најсреќните дечиња. Имаме проекти за спортско Кавадарци, нагласија организаторите на настанот.

Оттаму најавија државно тениско првенство за основни училишта во текот на утрешниот ден.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/05/2024 01:31