Во Берово беа доделени хуманитарни пакети за деца од социјално загрозени семејства. Пакетите со кондиторски производи се донација од хуманитарната организација „Свети Спас“ која, во соработка со Општината, денеска израдува 52 дечиња од Берово
Во соработка и консултации со општините, стопанските комори и реалниот сектор ќе се утврдуваат нови профили за запишување во средните стручни училишта во учебната 2021/2022, кои ќе одговараат на потребите на пазарот на трудот, на компаниите и на самите општини
Гимназијата „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија и основното училиште „Климент Охридски“ од село Миравци, преку Министерството за образование и наука, добија грантови од по 30.000 денари за реализација на активности кои придонесуваат за развој на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранција меѓу учениците
Центарот за интегриран развој Охрид – ЦИРО, со поддршка на Германското друштво за меѓународна соработка ГИЗ ја креира првата туристичка мобилна апликација „Discover Ohrid“
Една од водечките мрежи за дистрибуција на свеж зеленчук и овошје во Европа, „Greenyard“, денеска на онлајн презентацијата во Германија ја претстави и гевгелиската компанија „Виторија Фруит“ меѓу компаниите кои имаат производствен потенцијал за извоз во големите европски синџири на супермаркети
По повод Светскиот ден на мајчиниот јазик, локалната библиотека „Илинден“ од Делчево распиша јавен конкурс за поезија и проза на тема „Јазикот е мојата татковина“
Јавното комунално претпријатие „Комуналец“-Свети Николе набави нова механизација и опрема за чистење на снегот од улиците и локалните патишта во општината
Бранот врнежи што ја зафати земјава, ги зголеми водостоите на реките, покажуваат денешните хидролошки мерења
Спортски качувачи се натпреваруваа вчера по карпата на Демиркаписка клисура. Станува збор за зимско движење по карпа со алатки за качување по мраз. Организатори на натпреварот беа демиркапискиот клуб ,,Карпа за секој” и македонската Спортско качувачка федерација
На 2 февруари навршуваат 38 години од смртта на д-р Хелена Етингер Каваева, личност која остави длабоки траги во колективната меморија на охриѓани. По тој повод, членовите на Лајонс клубот „Лихнидос” испратија барање до градските власти во Охрид, една улица или здравствен дом во градот да го понесе нејзиното име