Деканот на Машинскиот факултет Петрески изјави дека се работи за сериозна соработка со компанијата и подобрување на врските со индустријата и смета дека ќе се зголеми квалитетот на образованието на студентите на нивниот факултет.
Како што посочи Меџити, повод за денешниот Форум е зајакнувањето на економската соработка помеѓу двете земји, како и промовирањето на технологии и системи за рудаство и производствена енергија.
Тој најави дека во Кумановско, веќе е почната реконструкција на патот Бељаковце-Клечовце во вредност од 35 милиони денари. По завршувањето на двата регионални патишта ќе почне реконструкција на патот од Пчиња до Вакв.
До крајот на оваа седмица ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Пожари на отворен простор во последното деноноќие имало вкупно шест, од кои активен сè уште е пожарот на градската депонија во Демир Хисар, но е под контрола, информира утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Вкупното количество собран комунален отпад во државава во 2024 година изнесува 637 471 тон и споредено со 2023 година, бележи зголемување од 2.5 проценти.
РЕК Битола активно работи на минимизирање на проблемите кои се предивикуваат од прашина при поинтензивен ветер или поради специфичниот процес на производство, транспортот и одлагањето на пепелта преку по 3,7 километарска лента.
Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат засадени површини со следните овошни видови: јаболка, слива, праска, вишна, цреша, кајсија, круша, јапонско јаболко, лешник, орев, бадем и калинка.
Акцијата на ЈП „Комуналец“ доаѓа по најновиот немил настан во центарот на Битола кога куче скитник нападна две годишно дете, а претходно идентичен инцидент се случи и на друго дете од овој град.
Намален е бројот на годишни пријави за семејно насилство во кумановската полиција, информираа денеска од СВР Куманово. Во 2024 година биле евидентирани 348 пријави, што е намалување за 56 во однос на 2023-тата година кога имало 404 пријави.