Во две средни училишта во Штип денеска се реализираше симулација на полагање на државна матура за матурантите, кои на 1 и 8 јуни официјално ќе полагаат државна матура.
Комплетирани се дигиталните катастарски планови во државава откако во централната база се внесени податоците за последната катастарска општина – К.О. Тетово 2. и е создадена платформа за систем на географски информации засновани на интернет (WEB GIS).
Во манастирот „Св. вмч. Димитриј“, во предвечерјето на празникот митрополитот Повардарски Агатангел синоќа отслужи вечерна богослужба, а утрово и света божествена литургија.
Промовирање на физичката активност и нејзината улога во одржување добра здравствена состојба, е целта на Светскиот ден на физичката активност што се одбележува денеска. Апели за редовна физичка активност по тој повод упати Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) укажувајќи на придобивките.
Свечената литија утре ќе тргне во 10 часот од пред храмот на „Свети Димитриј и Свети Григориј Палама во Струмица, а свечената поворка ќе се движи кон градскиот плоштад „Гоце Делчев“, каде ќе се одржи молебен.
Водостојот на Крива Река на хидролошката станица во Крива Паланка е значително висок и ако продолжи да расте можни се излевања по нејзиниот слив, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Денеска се навршуваат две години од одлуката на Светиот и Свештен Синод на Вселенската Патријаршија кога нашата Црква беше примена во литургиско и канонско единство на Православието, потсетуваат од Бигорскиот манастир во посебна објава.
Над 80 млади шахисти од земјава и странство ќе учествуваат на пролетниот турнир „Езерска кралица 2024“, што в сабота ќе се одржи во Струга.
Во рамките на одбележувањето, пред споменикот на паднатите борци се поклонија и цвеќе положија делегација од Општина Делчево, претставници од институции, политички партии и здруженија на граѓани.
Во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, в недела на 12 мај, ќе се одржи традиционалната манифестацијата „Избор на највелигденско јајце“ во организација на драмското студио „Миладин“.