За време на викендот синоптичарите најавуваат нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во попладневните часови
Христијан Андовски, ученик во средното училиште „Коле Неделковски“ од Велес, освои второ место во финалето на Европскиот квиз на парите – најголемо европско натпреварување во сферата на финансиската едукација
Движењето Еко Герила оценува дека неодамнешните поплави во селата од Полошкиот регион (Доброште, Теарце и сл.) не се резултат на дождови кои никогаш не биле отсутни во овој регион, туку се резултат на изградба на малите хидроцентрали во регионот
Сообраќајот на експресниот пат А4 Штип-Радовиш, утре во периодот од 8 до 14 часот ќе биде со повремен изменет режим на сообраќај.
Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа евидентира 13 новозаболени лица од Ковид-19. Од нив, седум се во општина Куманово, шест се во општина Липково.
Тој истакна дека еден од предизвиците е и воведувањето на електронската платформа, која е и функционална за пријавување и упис на студенти на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип.
Група планинари од Куманово денеска реагираа до медиумите, укажувајќи дека се врши сеча на дрвја во близина на водопадот во село Длабочица во општина Старо Нагоричане.
Пожар избувна денеска кај Тиквешко Езеро.
Синоќа во шест општини од Југоисточниот плански регион е извршено првото прскање против комарци по земјен пат, соопштија од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион
Општина Крива Паланка наскоро ќе добие социјален план кој е изготвен согласно Законот за социјална заштита и измените од мај 2019 година и ќе ги таргетира ранливите категории на граѓани од урбаните и руралните средини, возрасни лица и пензионери, невработени лица, лица со попреченост и лица жртви на семејно насилство