Безброј пчели денеска го покрија телото на Мите Ташев од Кавадарци. Дваесет и деветгодишниот пчелар раскажа за МИА дека и во време на коронавирус, како и во изминатите десетина години, другарува со пчелите.
Четири нови случаи на заразени од коронавирусот денеска се регистрирани во Прилеп со што вкупната бројка досега е 147 лица, но градот бележи вкупно 41 излекувано лице, заедно со денес излекуваните 10 пациенти
На територијата на Општина Свети Николе нема ниту едно лице заболено од Ковид-19
Шестмина здравствени работници од штипската Клиничка болница се излекувани и се на своите работни места, информираше денеска директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев
Општинскиот Црвен крст Велес доби донација од 45 пакети со храна од семејството на Ердован Етоски од селото Мелница кој со семејството живее и работи во Швајцарија
Согласно одлуката на Советот на Општина Охрид, јавното претпријатие „Билјанини извори“ од денеска го презема на времено стопанисување и одржување земјиштето долж Студенчишкиот канал на Охридското Езеро каде се врши сидрење на пловни објекти
Во пресрет на продолжениот празничен, првомајски викенд, Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до граѓаните кои наредните денови планираат излети во природа, строго да се придржуваат на владините одлуки и препораките од здравствените власти.
Втор позитивен случај на Ковид-19 во Пехчево. Според информациите од епидемиологот Сузана Каракашова, станува збор за лекар кој по пензионирањето се активирал за поддршка на здравствените работници во борбата против коронавирусот.
Времето на 1 Мај ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладнето ќе има услови за појава на краткотраен дожд
Тунел за дезинфекција на луѓе од денеска е поставен пред градскиот пазар во Кавадарци, како една од многубројните превентивни мерки против коронавирус кои ги презема кавадаречката локална ссмоуправа