Амбасадорката на САД, Анџела Агелер во видео обраќање потенцира дека жените и понатаму продолжуваат да се соочуваат со нееднакви околности во работната сила и во секојдневниот живот.
Оштетувањата и надоместувањето на штетата биле тема и на заеднички состанок на повеќе институции, операторите со „ратраци“, како и управата на Националниот парк.
Во Скопје за време на викендов времето ќе биде сончево и релативно топло. Во недела кон крајот на денот, во текот на ноќта и во понеделник претпладе ќе има врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат поројни, проследени со силен ветер (над 60 km/h).
Трипуновски преку објава на Фејсбук соопшти дека Република Македонија има загуба од 8,2 милиони евра девизен прилив во 2023 година заради помалата извезена количина од 3,9 милиони литри вино во споредба со 2016 година.
Второто место го освоија Стефани Георгиевска и Филип Клобучински од СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ со менторката Билјана Ниновска, а третопласирани беа Лара Росоманска и Елена Ризова од СОУ Гимназија „Добри Даскалов” – Кавадарци, со менторката Лоска Давчева.
Светскиот метеоролошки ден 23 Март, кој секоја година се одбележува во над 190 земји-членки на Светската метеоролошка организација (СМО), оваа година е со тема „Посветени на климатската акција“.
И од овој настан сите заедно да упатиме силна порака и апел до населението и надлежните во двете држави за избегнување и спречување на настани и активности на Охридското езеро и во блиската негова околина, кои се опасност за живиот свет и ја нарушуваат природната рамнотежа.
Локалните јавни комунални претпријатија од Битола во рамки на еко-акцијата „Недела на пролетта“ подигнаа 280 матри кубни отпад, засадија дрвца, оформија нови цветни површини и поставуваат нови клупи и канти за отпадоци во градот.
Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски преку facebook објава соопшти дека Република Македонија има загува од 70 милиони евра девизен прилив во 2023 година заради помалата извезена количина од дури 10.36 милиони килограми тутун.
На акцијата се приклучи и Здружението на пензионери од Тетово. Тие го расчистуваа и уредуваа мини паркот во дворот од нивните простории како и околните улици.