Во однос на возрасната дистрибуција, 781 лице се на возраст од 15 до 64 години, 341 се деца на возраст од пет до 14 години, 143 се лица на возраст над 65 години и 119 се деца на возраст до четири години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од пет до 14 години.
Надлежните од Здружението на дијабетичари Куманово денеска реагираа на делумен недостиг на инсулин и, како што кажаа, имаат потреба од глукомери кои се испорачани во ограничена количина, недоволна за пациентите во градот.
Пациентите кои не доаѓаат на магнетна резонанца, на време да ги откажуваат термините, за тие да бидат ослободени за други пациенти, апелира заменик-министерката за здравство Маја Манолева.
Со преработка на хитот „We are the world“ (Ние сме светот), децата од градинките и основните училиште во општина Охрид ја продолжија традицијата за поддршка на лицата со ретки болести во февруари, месецот посветен токму на нив.
Како што најавуваат од управата за хидрометеоролошки работи, во сабота ќе дува умерен до засилен ветер претежно од југоисточен правец.
На почетокот на оваа недела Крива Паланка и Струмица станаа епицентри на младинскиот активизам и иновативност, прославувајќи три години од постоењето на Јуроп хаус во овие градови.
Од денеска во просториите на Општина Илинден почна со работа едношалтерски систем, каде граѓаните ќе можат да поднесат документи на едно место.
Зголемен е интересот за вакцинација против пертусис, народски кажано голема или магарешка кашлица, изјави денеска заменик министерката за здравство во техничката Влада, Маја Манолева, по посетата на поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје.
УХМР информира дека следните денови ќе се задржи релативно топло време, а локални врнежи од дожд ќе има од недела.
Василево деновиве ја дислоцира дивата депонија лоцирана во општинскиот центар, која се наоѓа во близина на големото фудбалско игралиште на површина од околу два хектари.