Триесетина паркинг места ќе добие штипската населба Автокоманда откако Општината одлучи еден неуреден простор да го трансформира во паркинг-површина.
Крушево останува атрактивна дестинација. Исполнетоста на капацитетите е преку 90 проценти. Иако за празниците и зимскиот распуст немаше снег, сепак се бараше легло повеќе и можност да се престојува во Крушево.
По две и пол децении повторно е назначен државен правобранител во Дебар, кој во рамки на своите надлежности ќе ја покрива и општина Центар Жупа.
Во Скопје променливо облачно, претпладне со врнежи од слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 10 степени.
И овој февруари како единствен месец во годината поразличен од останатите ќе биде спроведена Националната кампања „Ги запознаваме ретките болести“, чие шесто издание ќе биде посветено на ретките заболувања во охридско-струшкиот регион.
Колев информира дека вакви или слични машини имаат набавено општините Битола, Кавадарци, Струмица, Радовиш, Илинден и Центар, но секоја од нив е согласно потребите на дадената општина. Такви машини воедно имаат и приватни фирми кои работат со големи инфраструктурни работи.
Над педесетина пациенти се лекуваат на инфективното одделение во општа болница Куманово, информираа надлежните. Поголем дел од нив се лица со коморбидитети.
Осум дечиња со посебни потреби од прво одделение во Штип ќе добијат стипендии од 6.000 денари од страна на општината.
Проектот за изградба на Спортско-рекреативниот центар „Топлик“ е избран за приоритетен на последната форумска сесија за избор на проект од областа на животната средина што ја организираше Општина Гевгелија.
Инаку, при завчерашната посета на велешката болница министерот за здравство Меџити најави дека неделава ќе биде избран нов в.д дуректор од редовите на велешката болница.