Сепак, заради доверливоста на преговарачкиот процес со потенцијалните инвеститори, Банката не е во можност во моментот да споделува повеќе информации во врска со оваа постапка.
Инфектологот Ратко Наумоски смета дека грипот има земено силен замав и состојбата со заразени ја оценува како сериозна.
Зголемен број на случаи регистриран е во Одделението за ортопедија при Општата болница со проширена дејност во Дебар, по обилните снежни врнежи и голомразицата.
Во штипскиот регион од октомври 2023 година до денеска се регистрирани околу 300 клинички пријавени случаи, слични на грип, изјави денеска за МИА, епидемиологот, Светлана Живкова од Центарот за јавно здравје-Штип.
Утрово околу 6:50 часот во центарот на Велес се расипа електрична локомотива на товарниот воз од Солунското пристаниште кој патувал за Средна Европа поради што скоро 1 час и 45 минути беше затворен преминот за возила и пешаци на новиот мост „Гемиџии“.
Националната установа Завод и Музеј-Битола врши чистење и превентивна конзервација на споменикот на Партизански гробишта во овој град.
Од четврток времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во источните делови ќе има услови за слаби врнежи. До крајот на неделата ќе дува умерен до засилен северен ветер и температурите ќе бидат повисоки во однос на денешните, информира УХМР.
Болеста африканска чума е евидентираната кај дивите свињи на подрачјата на Шар Планина, додека кај домашно одгледуваниот добиток нема регистрирано пример на ова заболување во тетовскиот регион, покажуваат податоците на Агенцијата за храна и ветеринарство.
Негативните температури што се спуштија до -18 степени на некои места, се вообичаени за овој период од годината и засега нема да имаат последици врз поледелските култури, овошките и виновата лоза, велат агрометеоролозите од УХМР.
Без проблеми стартуваше второто полугодие за 13.785 ученика на ниво на општинските основни и средни училишта, информираа на денешната прес-конференција надлежните од секторот за образование од општина Куманово.