На тој начин тие ја продолжија традицијата на охридските рибари на православниот празник Свети Јован Крстител да се капат во езерото за да го одбележат почетoкот на риболовната сезона.
Врнежи од снег утре и во недела претпадне на локално ниво. Од понеделник времето ќе биде стабилно со појава на магла по котлините и со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштаат и под -15 степени.
Поради дефект на електродистрибутивната мрежа од 19:40 часот без електрична енергија вечерва се повеќе населени места во околината на Скопје и во Битола.
Центарот за управување со кризи (ЦУК) по најавите од УХМР викендов за обилни врнежи од снег и студено време со значителен пад на температурите апелира до граѓаните за внимателно управување со возилата поради можна непроодност на патиштата во повисоките предели.
Општина Кавадарци попладнево излезе со препорака до возрасните лица кои живеат во планински села да се симнат во урбаните средини, поради најавените екстремно ниски температури.
Најсреќниот меѓу кандидатите кои се пријавија и влегоа во осветените води на Вардар беше Зоран Илиќ.
Средношколецот Атанас Костојчиноски од Вевчани, го извади светиот крст од осветените пенливи Вевчански извори, на одбележувањето на христијанскиот празник Богојавление - Водици.
Деветнаесетгодишниот Иван Миленковски од Македонска Каменица го фати светиот крст положен во водите на Каменичка Река на денешниот голем христијански празник Богојавление-Водици.
Владиката Повардарски му подари златен крст и библија, а доби и ваучер од градоначалнокот Колев и други подароци од бројни спонзори и од кумовите.Тој во наредните 30 дена со осветениот крст ќе ги посети домовите на православните верници во Велес за здравје.
Општина Демир Хисар го одбележа денешниот христијански празник Богојавление – Водици во 19 населени места на територија на општината.