Новогодишното освојување на врвот Пелистер почна точно на полноќ, со добри временски услови на стартот, но и силен ветер на врвот, изјави за МИА, Христијан Томевски, планинар - рекреативец од Охрид.
СВР Битола регистрира релативно мирна новогодишна ноќ на подрачјето на СВР Битола, односно во Битола, Прилеп и Ресен.
Мирна Новогодишна ноќ во Струга и струшко, со само едно нарушување на јавниот ред и мир. Брзата помош со вообичаени интервенции.
Новогодишната ноќ во Струмица помина мирно и безбедно, а полицијата регистрирала два физички напади во струмичко и радовишко и уапсила четири лица осомничени за кривично дело „насилство“.
Во Тетово во новата 2024 година, пет минути после полноќ е родено првото бебе во гинеколошкиот оддел при Клиничката болни. Женското бебе е прво дете во семејството Мисими, а е родено со тежина од 3,5 килограми.
Новогодишната ноќ гледано од безбедносен аспект мина релативно спокојно, со мал број интервенции на службите.
Честитка по повод Новата 2024 година до сите Македонци, граѓани на Албанија, упатија единствената македонска партија во ова земја, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, Македонското друштво „Илинден“-Тирана и градоначалникот на општина Пустец, Пали Колефски.
Градоначалникот на Неготино Горан Стојанов ги посети службите кои работеа за новогодишната ноќ, информираа денеска од Службата за односи со јавноста при Општината.
Таа додаде дека подмладокот во семејството Пашлакови, заедно со неа, се трудат да го одржат делото на Дионис и конечно вистински да проработи музејот за стари автомобили, што беше негов сон со децении и во кој има над 100 експонати.
Општина Кавадарци организираше новогодишна прослава, дел од кавадарчани синоќа ја дочекаа Новата година на градскиот плоштад, со музика и огномет.