Беровчани последните неколку дена живеат на екстремно ниски зимски температури што се движат под минус 20 степени. Поради ова граѓаните велат дека тројно е зголемена потрошувачката на дрва.
Нормализирано е собирањето на сметот во повисоките делови од градот, информираше денеска директорот на ЈП „Исар“-Штип, Живко Тасев. Поради тесните коловози, појавата на голомразица на неколку улици во повисоките делови на градот изминатите денови не се собирал сметот, но од денеска почнува да се нормализира работата.
Ниските температури од минус 17 степени измерени во Струмичко засега не се штетни за посевите, сметаат земјоделските стручњаци.
Градоначалникот на општина Гевгелија,Сашо Поцков, деновиве ќе оствари средба со претставници на фирмите доверители кои се пријавија на јавниот повик за исплата на побарувањата, со што општината го почнува процесот на раздолжување со финансиската помош што ја доби од владата на Република Македонија, потврдија денеска од општина Гевгелија.
Замрзна Моклишкото Езеро, создадено во 1956 година, при уривањето на ридот „Градот” кај кавадаречкото село Ваташа.
Се помалку новороденчиња се раѓаат во родилното одделение при Здравствениот дом во Делчево. Иако домот ги има сите потребни услови за пораѓање, како што вели директорката на установата Марија Глигоровска, поради недостигот од анестезиолог, родилките не ризикуваат и најголем дел од нив се породиле во медицинските центри во Кочани, Штип и Скопје.
Без вода за пиење се селата Росоман, Манастирец, Рибарци, Сопот и две компании од Кавадарци, поради дефект на главната водоводна линија.
Минус 21 степен се измерени утринава во Берово, минус 20 во Битола, минус 18 во Маврово, а минус 17 во Струмица.
Според метеоролозите темпеатурата ќе се спушти до минус 18 степени во Битола и Маврово, а во Берово до минус 17. Температурата ќе биде под минус 10 во поголемиот дел од земјата, а во негатива ќе останат и дневните температури.
Негатоскопите се технолошки напредна опрема дизајнирана за читање на рендгенските х-зраци и се наменети за радиолошка дијагноза.