Планинарски спортски клуб „Осогово“ од Кочани, ЗПСК „Кожуф“ од Гевгелија, Планинарски клуб „Македон“ од Скопје и делчевскиот Планинарски спортски клуб „Голак“ од Делчево го добија престижното признание „Даре Џамбаз“ што го доделува Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ) за постигнати резултати во планинарството во 2018 година.
Тролејбусите се можно решение против загадувањето на Кавадарци, вели за МИА Димитрија Ангелков, професор во екектро машинското училиште “Киро Спанџов-Брко“.
Осудениците во Затвор-Штип денеска не штрајкуваат и не се солидиразираат со затворениците од Затворот во Идризово, кои вчера почнаа штрајк со глад, поради најавениот закон за амнестиција за дел од учесниците во настаните од 27 април, а кој треба да го изготви телото за помирување.
Започна имплементацијата на проектот за зафаќање на води во индустриската зона „Опаленик“ во Крушево, со што ќе се обезбеди вода, примарно, за компаниите во и околу индустриската зона, како и за дел од населените места во општината.
Неформалната група граѓани и организации „Коалиција против ГМО“ утрово преку соопштение до медиумите реагира на изјавата на директорот на Агенцијата за храна и ветерина (АХВ) Зоран Атанасов од 09.12.2018 во врска со ГМО и најавеното бришење на членот 55 од Законот за безбедност на храната кој гласи: „Се забранува производство, ставање во промет, увоз во Република Македонија на храна и производи од храна кои содржат ГМО или се составени од ГМО.”.
Мобилните телефони станаа секојдневна потреба, без која многумина не можат да го замислат своето постоење. Во многу нешта, користењето мобилен телефон ја олеснува комуникацијата, го олеснува секојдневното функционирање, го олеснува извршувањето на работните обврски... И навистина, никој не може да ја оспори потребата од користење мобилен телефон.
Најголемиот зимски туристички центар, годинава сезоната ќе ја започне со новитет што е единствен од ваков вид во земјава. Љубителите на скијањето и рекреацијата ќе добијат патека со снег и во периоди кога временските услови тоа нема да го дозволат. Годинава, на „едноседот“ ќе има вештачки снег.
Пред повеќе од 40 години од стеблото на брестот, изникнат во црквата „Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ во Струмица течело вода. Денес од огромното дрво со пречник од два метра, за кое се утврдило дека е старо осум векови според неговите прстени, останал само долниот дел и споменот на Светите Петнаесет.
Националната федерација на фармери денеска на Факултетот за земјоделски науки и храна организира средба со жените – земјоделки.
Во Скопје денеска ќе бидат презентирани наодите од истражувањето „Колку и на што троши еден македонски студент“ спроведено од тим на Здружението на млади аналитичари и истражувачи и Младинскиот образовен форум со поддршка на фондацијата „Отворено општество – Македонија“.