Само 20 проценти од површините планирани за есенска сеидба со пченица, јачмен и ,рж се засеани, а останатите не се ниту подготвени за сеидба, велат земјоделци од Струмичко.
Комисијата за распределба на станови за социјално ранливи категории на граѓани составена од вработени во Министерството за транспорт и врски и од Министерството за труд и социјална политка, изврши прелиминарна распределба на вкупно 53 станови.
Непријатниот мирис, поточно неподносливата реа, која веќе подолго време во одредени периоди од денот и ноќта се шири низ Гевгелија сеуште ги мачи жителите на градот. Причините за тоа општината реши етапно да ги открива, затоа што проблемот му штети на имиџот на Гевгелија како чиста еколошка животна средина, изјави за МИА градоначалникот Сашо Поцков.
Една поговорка што повозрасните возачи често знаат да ја кажат, вели: „Вози бавно, стигни славно“. Убаво речено, но ќе биде уште поубаво ако возачите ја разберат и нејзината суштина, што всушност значи спасување човечки животи.
Со презентација на реализирани активности и остварени цели Здружението на лица заболени од дијабетес „Шеќерче – Lollipop“ од Велес ќе го одбележи Свесткиот ден за борба против дијабетесот 14 Ноември.
Штом се стигне во Крушево, оттука на Гумење, погледот го привлекува кривулестиот пат покрај историската месност Слива (тука била крвавата битка од Илинденското востание), па се до ридот каде е манастирот „Свето Преображение“. И секогаш, кога се спомене овој манастир- сѐ асоцира на Тоше Проески. Без исклучок.
Во Велес единствената мерна станица на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) скоро една година не мери ПМ 10 честички кои го загадуваат воздухот.
Како што соопшти Министерството за локална самоуправа, Фазлиу го запознал ректорот Беџети со активностите и проектите кои се финансирани од ИПА фондовите на ЕУ, особено за прекугранична соработка со Албанија и Косово, каде можат да аплицираат субјекти од Полошкиот регион.
Сообраќајниот инспектор во Општина Штип, Оливера Блажевска на денешната прес-конференција најави дека општината покрај преземените сообраќајни мерки за поголема заштита на учениците пред училиштата, предвидува и поставување „лежечки полицајци” пред училиштата, каде што возачите не се придржуваат на правилата, со цел да им го забави движењето на улиците.
Околу 80 кучиња скитници биле заловени и соодветно третирани во изминатите четири месеци во Кавадарци, информираше денеска Петар Камчев од Јавното претпријатие “Комуналец”.