- Во одделението за управни работи Куманово најмногу се издадени пасоши со новото име на државава, информираа денеска од СВР Куманово.
Подеднакво старателство врз децата по развод е главното барање на граѓанското здружение „Наши" и неформалната организација „Децата пред сѐ" што го искажаа на мирен собир денеска пред просториите на Центарот за социјални работи во Скопје.
Гевгеличани традиционално Новата 2024 година ќе ја дочекаат на Градскиот плоштад. Трета година по ред Општината го организира новогодишниот дочек со богата културно-забавна програма.
Еве денес се одбележува стогодишнината од раѓањето на Ацо Шопов, нашиот голем човек, поет кој ги отвори со својата поезија ширум вратите на Македонија во светот.
Фондот за иновации и технолошки развој денеска објави нов предизвик за „Воспоставување на центар за обука за зелени работни места”.
Со инвестиција од 3,6 милиони евра обновен е државниот пат од Битола до ГП Меџитлија, во должина од 12,7 километри, а за изградба на автопатот Битола Прилеп почната е постапката за пренасочување на сообраќајот на дел од постоечкиот пат.
Посочуваат дека вредноста на доделените средства за здруженија на граѓани од општините во 2022 година изнесува скромни 75 илјади денари, а за спортските клубови шест ипол пати повеќе односно просечно по 488 илјади денари.
Министерството за труд и социјална политика, се вели во соопштението, на граѓаните припадници на турската заедница им го честита Денот на наставата на турски јазик.
Со реконструкцијата на овој пат уште еднаш, како што додаде, Општината ја потврдува заложбата за олеснување на пристапот на жителите до нивните имоти.
– Културолошката иницијатива „5 до 12“ од Охрид за в сабота на плажата Сараиште во Стариот дел на Охрид организира целодневна винил-забава, со Божикен маркет и греано вино и ракија.