За една година од мандатот на новата локална власт во Виница за инфраструктурни проекти во општината се инвестирани над 225 милиони денари. Таа сума е рамна на вкупните вложувања од претходните осум години, поради што видливи се крупни зафати во изградбата на капитални објекти.
Со цел да се подобри достапноста на здравствените услуги за граѓаните во општина Неготино, матичните лекари ќе бидат вклучени во дежурствата во службата на Итната медицинска помош при Здравствениот дом, соопшти Министерството за здравство.
Бетонскиот мост на железничката пруга меѓу станицата Градско и крстосницата Кукуричани поради кој во прекин беше железничкиот сообраќај на Коридорот 10 е комплетно саниран и од вечерва сообраќајот на овој дел ќе биде пуштен во употреба, соопшти денеска Македонски железници Инфраструктура.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство интензивно работи на изградба на системот за наводнување „Равен – Речица“, со што ќе се овозможи зголемување на наводнуваните земјоделски површини во полошкиот регион опфаќајќи вкупно 3.300 хектари земјодлеска површина во Гостивар, Врапчиште, Боговиње и Тетово.
До 2023 година треба да биде отворен граничниот премин „Маркова нога“ меѓу Македонија и Грција, а целиот проект, вклучувајќи ги сите неопходни инфраструктурни активности, се проценува дека ќе чини 4,6 милиони евра, соопшти денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
Со цел да са обезбеди поголема безбедност во сообраќајот и движењето на пешаците преку улиците Општина Велес веќе една недела ја ангажира фирмата „Виа Сигнал“ од Скопје која интензивно работи на обележување на велешките улици.
Компaнијата „СЕКЕ“ ДООЕЛ Прилеп ги демантира сите тврдења за каква било поврзаност на компанијата со рускиот бизнисмен Иван Савидис, како и наводите за поврзаност со Владата, премиерот Зоран Заев и која било политичка партија во Македонија.
Дванаесет невработени лица од Куманово денеска добија сертификати од Центарот за вработување Куманово за успешно завршена обука за занаети, рачно и машинско везење.
Студентите од Филмската академија во Охрид преку писмо доставено до медиумите реагираат на проблемите со кои се соочуваат во тековната студиска 2018/19 година, барајќи одговор од надлежните институции за нивниот статус. Најавуваат тужби против ресорното Министерство за образование и наука.
Охрид со низа манифестации и свечености денеска ја одбележува 74-годишнината од ослободувањето на градот од фашистичката окупација во Втората светска војна.