Здруженијата на слепи лица од Штип организираат меѓународна средба по повод Светскиот ден на белиот стап во туристичко-манастирскиот комплекс Лесново. Претседателот на Здружението на слепи лица-Штип, Драги Витанов вели дека на средбата ќе присуствуваат членовите на здруженија од Петрич, Бугарија и Врање, Србија.
Велешкото езеро „Младост“ омилено и препознатливо како рекреативен центар и место за одмор на велешани и бројни туристи од земјава и странство се’ повеќе станува препознатливо и по веќе традиционалниот „Велешки пливачки маратон’ што годинава се одржа по петти пат.
Вкупно 740 учесници беа дел од есенскиот крос натпревар кој се одржа на градскиот стадион во Берово, во организација на беровската деветолетка „Дедо Иљо Малешевски“.
Според Руневска, идејата е да се направат поразлични мапи од географските, историските. Ова се субјективни мапи со кои се претставуваат градовите, местата каде сме живееле или сме биле посетители.
Во понеделник ќе започнат градежните работи на водоснабдителниот систем во Индустриската зона „Мамутчево“, информираат од општина Велес.
Локални риболовци во текот на вчерашниот и денешниот ден по течението на реката Брегалница во Делчево забележале угинати риби.
Кавадаречката полиција со превентивна акција денеска ги едуцираше кавадарчани да се заштитат од кражби. На случајните минувачи им беа делени флаери со испишани совети како да се заштитат од провални и џебни кражби.
Врвни светски готвачи – шефови со Мишелин ѕвездички се дел од манифестацијата „Охрид гастро тур“ што викендов ќе се одржува во градот со цел подигнување на квалитетот, освежување на гастрономската понуда во охридските ресторани и угостителски објекти, индиректно и на севкупната туристичка понуда на Охрид како наша најпозната дестинација.
Претставници од Здружената Опертивна Команда (ЗОК) предводени од бригадниот генерал, началник на штаб, Орце Јордев, денеска донираа училишен прибор на учениците со интелектуална попреченост во кумановското основно училиште „Браќа Миладиновци“. Донацијата се реализира во пресрет на одбележување на Денот на Здружената оперативна команда 17-ти октомври.
Општина Крушево организирано се подготвува и годинава за заеднички пречек на маратонците кои ќе трчаат во чест на Тоше. Маратонците трчаат од Нова Градишка, Хрватска каде во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година трагично го загуби животот нашата најголема музичка ѕвезда Тоше Проески. Во Крушево тие треба да пристигнат во вторник на 16 откомври на денот кога загина Тоше.