Од 10 часот, според информациите од Авто мото сојузот на Македонија и јавното претпријатие „Македонија пат“ воведена е забрана за движење на сите видови моторни возила на патен правец Берово - Беровско Езеро, поради обилни врнежи снег.
Центарот за управување со кризи издаде вонредна информација за сите лица кои моментно се наоѓаат кај Беровско Езеро - да не тргнуваат да патуваат, а ако имаат потреба од храна и лекови да се јават на 112 во ЦУК, по што од Општина Берово ќе им достават што им е потребно.
Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на патните правци на крак Маврово – Маврови Анови, Крива Паланка – г.п. Деве Баир, Тетово – Попова Шапка и Струмица – Берово.
Стапката на имунизација со вакцини МРП против морбили или мали сипаници кај децата во Штип е на позадоволително ниво за разлика од она што го има на ниво на држава, вели, доктор Ана Бурева од ЈЗУ Здравствен дом „Панче Караѓозов“-Штип.
Со капацитети и подготвени ски-терени, Крушево е подготвено за новогодишните празници и за зимската сезона. Во моментов е примамлива и посакувана туристичка дестинација. Крушево има богата понуда за сите гости и туристи.
Јелена Колева Догазанска, јавна обвинителка од Основното јавно обвинителство (ОЈО)-Штип е избрана за член на Советот на јавни обвинители од редот на јавните обвинители од подрачјето на Вишото јавно обвинителство Штип со изборно место број 4
Насир Асипи, на собирот се обрати во името на жителите и појасни дека дека поднеле барања до надлежните институции, но досега никој не им дал одговори.
На работната средба претставниците на СВР - Охрид и на службите што вршат дејности од јавен интерес, договорени се интензивни засилени мерки со цел Новогодишните и Божиќните празници во Охрид да поминат беспрекорно и без проблеми на безбедносен план. Договорена е тимска работа и ажурност, меѓусебна координација и зголемена мобилност на заедничките тимови за поефикасно делување на целото подрачје.
Како што информираа од МВР, во првиот случај тој се сомничи дека сторил кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 и „фалсификување исправа“ по член 378 став 1 од Кривичниот закон.
Тој побара полицијата повеќе да интервенира, а смета дека во Тетово нема потреба од дополнителен број паркинг места, туку подобро регулирање на сообраќајот.