Познатиот дебарски манастир „Св. Ѓорѓи Победоносец“, што се наоѓа во селото Рајчица, на околу два километра од градот, утре посебно ќе чествува. Така е секогаш кон крајот на септември, кога се прославува големиот православен христијански празник посветен на воздвижението на чесниот и животворен Господов крст, а кој народот традицонално го нарекува - Крстовден.
Вториот канал на албанската државна телевизија РТШ, на денешен ден пред една година, по првпат почна со емитување емисии на јазиците на малцинствата, вклучувајќи ги и емисиите на македонски јазик.
Чекор напред кон соодветна, брза и квалитетна инспекциска контрола на сите пратки на храна од растително и животинско потекло што влегуваат или транзитираат низ Македонија, ќе обезбедат двата нови објекта што беа отворени денеска на Граничниот премин Блаце.
Градоначалникот на Неготино Тони Делков, потпиша договори за национално-кофинансирање на два ИПА проекти во неготинската општина, информираше денеска Методи Митрев, портпарол во локалната самоуправа.
Претседателката на Здружението на стечајни работници, Лилјана Ѓеоргиевска денеска имаше средба со штипските стечајци. Причината за средба е како што вели предлог законот, со кој ќе бидат опфатени и останатите стечајци, кои се уште не добиваат месечен паричен надоместок до нивното пензионирање.
Единаесет возила што емитувале штетни издувни гасови повеќе од дозволената граница биле исклучени од сообраќај од страна на полицијата при контролите во полошко во изминатите пет денови, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Битола е идеално место да се дискутира за заедничките проблеми, а со цел да се подобрат стандардите за филмското работење, посочи Најџел Волтерс, потпретседател на Британската асоцијација на кинематографери и редовен учесник на ИФФК „Браќа Манаки“.
Со манифестацијата „13 песни за 13 величествени“ и отворање на изложбата „Преспански ликовни мотиви“ завршува септемвриската културна програма на Домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен.
- На овој начин сакаме на децата да им покажеме дека спортот е дел од животот и оти тоа се практикува од најмали нозе. Само со активен живот од најмала до најголема возраст може да имаме активен и здрав град, рече раководителот на Секторот за јавни дејности Ахмет Ќазими.
Целото дебарско конзумно подрачје кое ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше денеска десет часа беше без елекрична енергија.