Во штипскиот регион се зголемува бројот на млади земјоделци и на сточари, кои сакаат да ги обработуваат земјоделските површини, истакна на денешната прес-конференција раководителот на подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство-Штип, Павел Иванов.
Во Кавадарци почнаа Државни спортски игри за слепи лица, учествуваат десет екипи од здруженија од цела Македонија. Претседателот на кавадаречкото здружение, Костадин Јанков ги поздрави присутните и им посака убаво дружење и фер игра, да победат најдобрите.
Заводот за нефрологија во Струга денеска слави јубилеј, 40 години од првата хемодијализа, изведена во 1978 година.
Активистите изутринава кајакареа по бетонската река пред Владата за да ја подигнат свеста кај јавноста за значењето на недопрената природа и прекрасните речни долини и кањони на Балканот.
Се спојуваат кавадаречката Општа болница и Здравствен дом Кавадарци. Со владина одлука, од денеска овие две институции ќе функционираат како еден правен субјект, Јавна здравствена установа Општа болница, со проширена дејност.
Можност младите да стекнат практично искуство во компаниите и за тоа да бидат платени, а тие, пак, да добијат кадар профилиран согласно нивните потреби, што ќе помогне во намалување на невработеноста кај овие лица, ќе овозможи законот за практиканство што го подготвува Владата.
Речиси двојно е зголемен водостојот на Вардар на сите мерни станици, покажуваат денешните хидролошки мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.
- Ова е доказ дека институции од областа на културата и здруженија можат успешно да соработуваат. Вистинските рокери ќе имаат прилика да проследат неколку настани, рече Александар Малинков, директор во Домот.
Охрид би требало да добие сосема нов здравствен дом, изграден по највисоки светски стандарди, најави на синоќешната трибина во Охрид министерот за здравство Венко Филипче.
Над 200 видови автохтон македонски грав поседува Драган Цветковиќ, сопственик на компанија и како што самиот се нарекува колекционер на различни видови грав.