Над 20 тони вино биле испиени за време на манифестацијата „Тиквешки гроздобер” што се одржа во Кавадарци, соопшти попладнево градоначалникот Митко Јанчев.
Градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски барал стопирање на предлог-решенијата на општинскиот Совет за давање согласност за формирање паралелки со помал број ученици од законски предвидените во едно основно и две средни училишта во Велес.
Петтото издание на традиционалниот пливачки маратон на езерото „Младост“, што го организира Општина Велес под покровителство на Пливачката федерација на Македонија ,а заедно со ЗГ „Клуб 28“ и Кајак Клубот „Бабуна“ од Велес ќе се одржи на 15 септември.
Во Туристичкиот инфоцентар „Пониква“, денеска се одржа работилница „Креирање визија за Осогово - идно заштитено подрачје” во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ).
Неодговорното и штетно работење на претходната локална власт е причина што ФК „Победа“ и граѓаните на Прилеп повеќе од две години немаат прволигашки фудбал и не може да гледаат прволигашки натпревари.
Се враќа интересот за старата и подзаборавена сорта грозје “темјаника”, за МИА информира Ѓорѓи Ајтов, раководител на неготинската подрачна единица на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството.
По повод Денот на пензионерите на Република Македонија денеска во дворот на манастирот „Св. Спас“ кај виничкото село Драгобраште се одржа регионална средба на 13 пензионерски здруженија, на која присуствуваа над илјада пензионери.
Завршена е рехабилитацијата на регионалниот пат Новаци-Битола, инвестиција од околу милион евра, обезбедени преку Јавното претпријатие за државни патишта.
Општините Чаир, Охрид, Струмица, Свети Николе, Валандово и Велес, како и дополнителни 18 општини, кои ќе бидат избрани во ноември 2018 година и 2019 година, ќе добијат по 62.000 долари за проекти од јавен интерес кои се утврдени како приоритетни од страна на граѓаните.
Од СВР Тетово апелираат до земјоделците и лицата кои се движат низ шумските подрачја да бидат внимателни со палење оган по нивите и на отворен простор. Опасноста од пожари во овој период низ полошкиот регион, како што се наведува во апелот, е значително зголемена.