За првпат во историјата на спортскиот крапски риболов една македонска екипа освои прво место на Балканско првенство (БП).
Безбедна е водата од гостиварскиот водовод, а и присуството на манган е во граница на дозволените вредности, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).
Над 29.000 македонски државјани излегле од граничниот премин Табановце за време на празничниот викенд, соопштија денеска од МВР. Викендов во државата од северната граница влегле над 14.000 странски државјани.
Маратонците вчера пристигнаа во Загреб, Хрватска. Беа пречекани од претставниците на македонското друштво, а во македонската православна црква во Загреб, ги пречека протојереј ставрофор, отец Кирко Велински и се одржа света литургија за помен на Тоше.
До среда ќе се задржи сончево и релативно топло време со појава на локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за слаба магла или ниска облачност.
Со голем огномет над градот синоќа во 1:30 по полноќ заврши програмата на годинашниот Фестивал на велешка пита пастрмајлија и македонски вина „Питијада 2024“, што го организира Општина Велес. Годинава учествуваа 17 ресторани од градот и винарии од регионот.
Планинарскиот клуб Х20 од Скопје заедно со повеќе клубови од државата во сабота 19 октомври ги повикува жените да се приклучат на женска планинарска акција и искачување на Титов врв на Шар Планина, а по повод месецот за борба против ракот на дојката.
Во текот на последните 24 часа на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 се регистрирани вкупно 1 712 повици.
Во забавниот дел на „Питијадата“ денеска на бината кај Гимназија настапија децата пеачи од Детскиот фестивал „Поточиња“.
Тринаесет маратонци од Македонија утре попладне од Нова Градишка, Хрватска ќе тргнат на пат кон Крушево, до вечното почивалиште на Тоше Проески во рамките на 17. ултра маратон што се одржува во негова чест.