Наместо посебен превоз за доаѓање и враќање од училиште, учениците од училиштата во Кочани го користат постојниот линиски превоз.
Васил Јанкула, Македонец од Мала Преспа кој боледува од детска целебрална парализа, ќе биде дел од 32-рото издание на Охридскиот меѓународен атлетски маратон, што ќе се одржи на 8 септември, јави електронското издание на весникот „Илинден“.
Министерството за образование и наука ги објави резултатите од конкурсот за сместување на студентите во студентските домови.
На дванаесеттиот меѓународен фестивал на шлагер и староградска песна „Пеј срце“ што се одржа во бугарскиот град Ќустендил, во конкуренција на околу 1.000 исполнители, Распеани гевгеличани го освоија првото место во категоријата на групи над 10 членови.
Во Прилеп денеска успешно започна новата учебна 2018/19 година за 9.970 основци и средношколци, од 11-те основни и петте средни училишта. Од нив 715 се првачиња. Прилепските локални власти нагласуваат дека се е подготвено за почетокот на новата учебна година.
Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски денеска пред стопанствениците и граѓаните на Радовиш промовираше два нови проекта кои ги воведува Министерството.
Во велешкото село Иванковци започната е доградбата на училиштето „Стојан Бурчевски -Буридан“ во кое учат 90 ученици од прво до деветто одделение.
Во Ветеринарната станица Неготино започна микрочипирањето на кучињата домашни миленици. Од Станицата денеска информираа дека Лео било првото микрочипирано куче, а оваа постапка веќе била спроведена над неколку домашни миленици.
Дирекотри на повеќе училишта во гостиварскиот регион и престваници на СВР Тетово денеска имаа работна средба на која главна тема беше безбедноста на учениците.
Во новата учебна 2018/2019 година, во општина Дебар, има и поголем број првачиња и поголем број запишани ученици во прва година во гимназијата.