Изминатите десет месец од годинава споредено со истиот период лани во Дебарско намален е бројот на кражби, посебно на тешки кражби и постигната е висока ефикасност во нивното расветлување, потврдува полициската статистика.
Магистралниот пат Куманово – Крива Паланка денеска од 13:45 часот е затворен за сообраќај во двата правци.
Слаб снег попладнево провејува во Маврово, на планинскиот превој Стража и на Попова Шапка, но не се задржува на коловозот, информираат од јавното претпријатие „Македонија пат".
Езеро гледаме пред нас, тоа ни е на неколку метри, на дофат на раката што се вели, а веќе неколку децении не можеме да ги наводнуваме лозјата и трпиме штети. Вака се пожалија во изјава за МИА, жители од селата Брушани, Ресава и Бегниште, кои се наоѓаат во близина на Тиквешко Езеро. Ја отвораат оваа тема сега, надевајќи се дека ќе се преземе нешто во овој правец, за нивите да не им страдаат за вода барем во наредниот период.
Во Кичевско падна првиот снег годинава, но засега тој не создава проблеми во одвивањето на сообраќајот во градското подрачје и во повисоките рурални средини. На сите планини со надморска височина над 600 метри има снежна покривка од неколку сантиметри.
Долгорочни, среднорочни и краткорочни мерки за намалување на аерозагадувањето побараа кумановци на денешниот собир на граѓани насловен „Искочи за чист ваздух“.
Приказната за предизвиците при зачувувањето од изумирање на овој занает со кои се соочиле Малешевките за „МИА“ ни ја долови Ана Пачемска, претседателка на здружението „Серафим”.
– Ако ја подобриме инфраструктурата во градот ќе го подобриме квалитетот на живот на граѓаните и ќе допринесеме за подобар локален економски развој. Во општината ќе се создаде поволна бизнис клима за инвеститортите, а тоа ќе биде дополнителен мотив да ги вратиме младите и да го застанеме трендот на исселување, истакна Пекевски.
Леарницата на компанијата „Карунфилд фаундри“ во новата индустриска зона Неокази во Пробиштип се очекува да почне со работа од наредната година, информира градоначалникот на Пробиштип, Драган Анастасов.
Рокот за аплицирање на тендерот есреда, 5 декември, 2018 година до 12:00 часот.Крајниот рок за поставување на технички прашања, согласно насоките во тендерската документација, е среда, 28 ноември, 2018 година.