Во финална фаза е подготовката на тендерското досие за изградба на централна депонија во Свети Николе и претоварните станици за истокот и североистокот, потврди денеска министерката за животна средина и просторно планирање Kaja Шукова.
Струмица денеска и утре го празнува Денот на заштитиниците на градот-Светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици.
Новогодишното украсување продолжува кај Саат-кулата, низ Широк сокак, се до Офицерскиот дом каде празничната слика ќе биде комплетирана со новогодишна елка.
Од утре, понеделник, ќе биде изменет режимот на сообраќај на магистралниот пат A3, делница Прилеп-Битола поради изведување на геотехнички истражувања на коловозот. Времениот режим на сообраќај ќе се одвива согласно одобрен сообраќаен проект, информираат од АМСМ.
- Федерацијата на планинарски спортови на Македонија годинава Светскиот ден на планината 11 декември ќе го одбележи на планината Плачковица во планинарскиот дом „Вртешка“, а домаќин на манифестацијата е ДПС „Лисец“-Штип.
Почна изградба на затворен базен на локацијата на поранешна „Ла Луна", информираат од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.
Фестивал на вино и вински туризам „Тиквешија 2023" се реализира денеска во Кавадарци, во организација на Здружението ,,Винотек", кое се залага за негување и развој на винска култура, вински туризам и производи од грозје.
Во рамки на активности од Проектот за еко-системско базирано намалување на ризици од катастрофи во Македонија (ЕКО-НРК), финансиран од страна на Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија (JICA), на Општина Радовиш и беа предадени изработени карти за опасности од поплави од Радовишка река
Во конкуренција на градови од 25.000- 500.000 жители, Штип е прогласен за Европски град на спортот за 2024 година, соопшти од Брисел градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.
Министерката за одбрана Славјанка Петровска заедно со амбасадорката на САД, Анџела Агелер денеска ги посетија американските војници кои со припадниците на македонскатаа Армијата изведуваат вежба на „Криволак“.