Центарот за развој на Источно планскиот регион (ИПР) работи на изработка на Проектна програма за прогласување на Лесново за „Гео парк“. Директорката на Центарот за развој на ИПР, Драгица Здравева вели дека во изработката се вклучени и експерти.
Пелагонија - најголемата рамница во Македонија, плодна житница со бујни и разновидни земјоделски култури, место на земјоделци рекордери и развиен агро-бизнис со водечките македонски агро-компании, чудно но вистинито – „жедна“ е за подмладок, за агро-едуциран кадар.
Иднината на фудбалот во Прилеп и во Македонија, беа тема на денешната средба помеѓу градоначалникот Илија Јованоски и прилепскиот фудбалски интернационалец и македонски репрезентативец Илија Несторовски.
Вчера околу 17.50 часот во Секторот за внатрешни работи Битола, А.С. (39) од с. Бучин-Крушево пријавил дека при орање во нива во атарот на с. Бучин пронашол неиспукана артилериска граната 75 мм од Првата светска војна која од страна на пиротехничар била безбедно подигната и предадена за понатамошна постапка.
Во првата половина од годинава во Полошкиот регион регистрирани се 292 нарушувања на јавниот ред и мир од кои 152 во тетовско и 140 во гостиварско. Од СВР Тетово информираат дека најголем дел од нив се целосно расчистени.
Коцерти за деца и млади, театарски претстави, но и разни атктрактивни спортови, ќе бидат дел од содржините на шестото издание на Тетовското култуирно лето што ќе трае до 3 август, информира уметничкиот директор Јетон Пустина.
Капацитетот на браните Липково и Глажња од кои со вода се снабдува градот Куманово е на завидно ниво, информираат денеска надлежните од Водостопанство „Кумановско-Липковско поле“.
Прилеп е подготвен за вечерашното отворање на 16-иот по ред „Пивофест“. Штандовите на пиварниците и на скарите се наместени во центарот на Прилеп, на булеварот „Гоце Делчев“, организаторите, компанијата „Инфинити“, локалните власти и инстгитруциите ги завршија сите подготовки за четиридневната летна манифестација.
Заврши тендерската постапка за избор на фирма за проширување на капацитетот на пробиштипската Филтер станица.
Ќе се финансираат културни манифестации, организирање на фестивали, одбележување јубилејни настани и значајни датуми и промоција на културното наследство.