Продлабочување на досегашната соработка помеѓу Општина Берово и француската општина Ливаро и запознавање со можностите на Берово во повеќе области од општественото делување, беа дел од темите на средбата на советникот за култура и техничка соработка при француската амбасада и директор на Францускиот институт во Скопје, Емануел Рембер со градоначалникот на Берово Звонко Пекевски.
На граничните премини Богородица и Табановце се чека од15-30 минути, на останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.
Празникот Преображение Господово спаѓа во големите празници што ги празнува Светата Христова црква, но тој и со поголемиот број обичаи и верувања има значајно место во животот на нашиот народ, така што во целокупното празнување на овој празник следиме повеќе слоеви на народната култура.
Во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга вечер ќе се одржи хуманитарен концерт на реномираниот германски оркестар The Black Forest Youth Wind Band, под диригентската палка на Џулијан Гибонс.
Поволните временски услови и доволните количини вода за наводнување од хидросистемот „Брегалница“ овозможуваат вегетацијата на оризот во кочанскиот регион одлично да напредува, поради што земјоделските производители се надеваат на добри приноси.
Школата ќе трае пет дена, а е поддржана од Данската фудбалска федерација и општина Охрид.
Граничниот премин Стреизмир-Рестилица на македонско-косовската граница на планината Кораб денеска и во наредните два дена е пуштен за преминување со лична карта или патна исправа, информираа од Општина Маврово и Ростуше.
Производителите на сливи од Радовишко денеска со едночасовна блокада на патот Струмица-Радовиш го искажаа своето незадоволство од немањето откуп.
Планинарско-спортскиот клуб „Голак“ од Делчево ги привршува подговотките за 4. Меѓународен планинарски марш „Голак 2018“ - чија крајна цел е врвот Чавка од 1536 метри.
Група земјоделци незадоволни од откупот на сливи, од 11 часот го блокирале патниот правец Радовиш - Струмица кај клучката кај селото Воиславци.