Значително поголема брзина на податочните услуги, промени во начинот на користење интернет, нови продукти од мобилните мрежи на операторите, намалување на бројот на досега регистрираните 180.000 семејства во т.н „бели зони“ - подрачја на кои не постои можност за широкопојасен пристап, а има потенцијал за користење.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини изутринава е зголемен, одобено кон туристичките места и граничните премини.
При посетата на депонијата на самиот влез не пречека знак за строго забранет влез, па по добиена дозвола екипата на ТВ 21 влезе во еколошката бомба. Не пречекаа двајца вработени, глутница од кучиња, десетина свињи, штркови и чад од опожарената депонија.
Во таква ситуација се наоѓа и кочанскиот музичар од светски ранг и основач на познатиот „Кочани оркестар“, Неат Велиов, кој поради болест од пред извесен период останал инвалид.
Проблемите и потребите со кои се соочуваат младите во Крива Паланка, како и поттикнување иницијативи за активно вклучување на младите во креирање младински политики на локално ниво со цел создавање подобри услови за нивно интегрирање во заедницата како единки кои ќе придонесат за нејзиниот развој.
Манастирскиот комплекс Еленец денес по петти пат ги собра каменичките иселеници на Деновите на дијаспората организирани од општина Каменица.
Македонија ја доби втората канцеларија за дијаспора. После Штип, денес и Македонска Каменица доби простор кој ќе им стои на располагање на сите иселеници од овој крај кои ќе сакаат да ги пренесат сите идеи и да се информираат за поволностите кои им ги нуди општината за инвестирање или некоја друга соработка.
Во Градскиот музеј во Крива Паланка синоќа се одржа културниот настан „Уметност и музика“ во рамки на „Кривопаланечко културно лето 2018“.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација, информираат од Автомото сојузот на Македонија.
Проектот „Од акција до еднакви права на Ромите“ имплементиран од Асоцијацијата за демократски развој на Ромите-Тетово, во партнерство со групата за малцински права од Лондон, Здружението за развој и интеграција на млади Роми и Ромки „Преродба“ од Кичево, денес пред платото на хотелот „Арабела“ организира локална кампања.