Отсекот за управни работи Куманово од СВР Куманово ќе работи утре и во недела (11-ти и 12 август), информираа денеска од кумановската полиција.
Нивото на реката Вардар во Велес утрово на мерното место кај Стар Мост било 60 сантиметри, исто колку што било вчера, на четврти и на петти овој месец. На шести август нивото било 58 сантиметри, на седми август 55, а на осми август најниско или 52 сантиметри.
Русија најави од 15 август да воведе забрана за привремен увоз на некои коскести плодови од Србија и Македонија поради загриженоста за безбедноста, соопшти рускиот регулатор за безбедност на храна, пренесува Ројтерс.
АД МЕПСО апелира до земјоделците од шптипскиот и овчеполскиот регион да внимаваат како ги наводнуваат своите ниви низ кои поминуваат далноводи. Портпаролот на АД МЕПСО, Никола Стојанов вели дека земјоделците секогаш треба да имаат во предвид дека водата, но и цевките на системите кои се направени од метал се проводници на електрична енергија.
Над 200 членови на ловечките здруженија денеска полагаа ловечки испит во Штип. Николче Малинов член на Управниот одбор на ЛЗ „Ловец“-Штип вели дека за разлика од минататите години денеска првпат ловечкиот испит се полагаше во Штип, а не во Скопје, со што оние кои сакаат да станат ловџии не се изложени на дополнителни патни трошоци.
Наглото зголемување на темпаратурите и топлотниот бран, неделава го зголеми и бројот на пациенти на повик во Итната помош во Велес.
Со спуштањето на бајракот и почесна стрелба за хеороите на Илинден и Крушевската Република, вечер на Гумење во Крушево ќе завршат годинашните 51. Научно-културни средби „10 дена Крушевска Република“.
На магистралниот пат Кичево - Охрид, (Мала Река - Славеј Планина), од денеска се воведува времена измена на режим на сообраќајот.
Со симболично поставување на камен темелник за новата градинка „8ми Април“, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) ја почна изградбата на новиот објект во вредност од 700.000 долари, обезбедени од Владата на Кралството Новешка.
Бројот на сообраќајни несреќи на подрачјето на општинитe Крива Паланка и Ранковце во првите шест месеци од годинава е зголемен за 24 отсто споредено со истиот период во 2017 година. Регистрирани се 31 сообраќајна незгода, додека минатата година биле регистрирани 25.