Со повеќе настани, Прилеп ги почнува чествувањата по повод 17-годишнината од загинувањето на 10-те прилепски бранители кои во заседа на патот Скопје-Тетово, кај месноста „Карпалак“ беа убиени на 8 август 2001 година. По тој повод, денеска прилепскиот градоначалник Илија Јованоски се сретна со семејствата на загинатите бранители.
До крајниот рок 3 август до прилепската комисија се поднесени 1.315 барања за обештетување на земјоделците кои беа погодени од невремето, што на 23 јули што го зафати Прилепско.
Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија, отвори две нови канцеларии во Чашка и во Македонска Каменица.
Во екот на туристичката сезона, Струга преплавена со питачи. Низ струшките улици, чаршискиот мост, струшката чаршија, покрај кејот и плажите се среќаваат голем број лица пред се од ромска националност кои од граѓаните и туристите бараат пари.
Работните позиции што се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на неговател на стари, изнемоштени лица и лица со попреченост, физиотерапевт, соработник за музичка уметност и образовен асистент во редовна настава.
Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување во партнерство со УНИЦЕФ и УНДП денеска почнаа со интензивни обуки за интегрирано управување со случаи.
Во првите шест месеци од годинава криминалитетот на подрачјето на општините Крива Паланка и Ранковце е зголемен за 47,4 отсто, споредено со истиот период минатата година, информираат од Полициската станица од општа надлженост во Крива Паланка во врска со преземените мерки и активности.
Привршува вакцинирањето против менингит на верниците во кумановскиот Центар за јавно здравје на верниците кои годинава ќе заминат на аџилак во Саудиска Арабија.
Пет пати повисоко во однос на августовскиот просек е нивото на реката Треска кај Македонски Брод, а тројно се зголемени нивоата на реката Пчиња кај Катлановска бања и на Црна река кај Новаци, покажуваат денешните хидролошки мерења.
Од Република Македонија на аџилак ќе заминат 672 верници кои од 11 до 15 август ќе патуваат со четири авионски чартер летови. Ова го изјави генералнот секретар на Исламската верска заедница на Македонија, Ирсал Јакупи.