Промената на климата и температурните разлики се најизразени во Преспанскиот регион. Тоа го покажуваат и временските непогоди, обилни врнежи од дожд и град и екстремно високи или ниски температури што последните години го зафаќаат овој дел од државата.
Во Македонија има повеќе згрижувачки семејства кои во одредени ситуации се спремни да згрижат деца на кои од најразлични причини им е потребно згрижување, но во Неготино и Демир Капија, за жал, се уште нема такво семејство. А овде, иако досега ретко, сепак има потреба од згрижувач.
Според „Авто атом“ причината за укинувањето на релациите е што интерните анализи на претпријатието покажале дека е непрофитибилно и неисплатливо натамошно давање на услугата по сегашните цени.
Прилеп ќе пренамени средства од локалниот буџет за обештетување на земјоделците од погодените реони од последното невреме кога 100 проценти беше уништен родот на тутунот и пиперките на 1.000 земјоделски семејства, одлучи на денешната седница Советот на општина Прилеп.
Националната кампања „На секое дете му треба семејство“ денеска продолжи во Битола со промоција на идејата што помалку деца да има во институциите и што повеќе семејства да згрижат дете.
Активисти и поддржувачи на повеќе еколошки здруженија и граѓански иницијативи утре повторно ќе го кренат својот глас против неконтролирана урбанизација на охридското крајбрежје. Тие од Лагадин ќе маршираат до Охрид каде ќе се вклучат во протестниот перформанс што точно напладне ќе се одржи пред општинската зграда.
ПрајсвотерхаусКуперс (PwC) и Фондацијата за демократија на Вестминстер објавија повик за истражувачки стории кои ќе ги користат извештаите на Државниот завод за рецизија како извор на информации.
Апелациониот суд во Штип ја прифати жалбата на ОЈО Струмица за укинувањето на мерката притвор за градоначалникот на Ново Село Боро Стојчев и останатите осудени заради обид за пренесување непријавена стока и им изрече мерка притвор до правосилноста на пресудата.
На плоштадот Магнолија во Битола, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и претставникот на канцеларијата на УНИЦЕФ, Бенџамин Перкс вечер ќе присуствуваат на настан кој е дел од националната кампања „На секое дете му треба семејство“.
Секторот за информирање и односи со јавност од Куманово, денеска информираше дека задутре, први август ќе се изврши трето авионско прскање против комарци на подрачјето на општина Куманово.