На плоштадот Магнолија во Битола, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и претставникот на канцеларијата на УНИЦЕФ, Бенџамин Перкс вечер ќе присуствуваат на настан кој е дел од националната кампања „На секое дете му треба семејство“.
Како што информираат од МТСП, Царовска и Перкс ќе се сретнат со згрижувачки семејства од битолско и со градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.
Националната кампања е заеднички организирана од Министерството за труд и социјална политика и УНИЦЕФ.