Само 0,56 отсто од обработливото земјиште во Македонија во моментов отпаѓа на растително органско производство, а проекциите до 2020 година, согласно стратегијата за рурален развој, се четири проценти.
Градоначалникот на општина Чашка Горан Стојановски во изјава за МИА вели дека долгот на локалната самоуправа што го затекнал на 7 ноември 2017 година при ставувањето на должност, во изминатиов период е намален за речиси 80 проценти или од вкупно 15 милиони и 340 илјади денари вратени се 12 милиони и 340 илјади денари.
Во Клиничката болница во Штип повеќе од една година не работи апаратот за мамографија. Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека делот кој е потребен за поправка е порачан од октомври минатата година.
Локалната самоуправа почна акција за уривање на бесправно изградени објекти на територијата на општина Гостивар. Во наредниве две недели се очекува да бидат урнати уште шест објекти, за кои инвеститорите не ги обезбедиле потребните документи.
Како настан што се очекува да привлече најголем број гости од земјава и странство се концертите во рамки на „Ohrid calling“ и концертите на светски познатите диџеи Dimitri Vegas & Like Mike на 1 август, Jax Jones & Roger Sanchez на втори и ветеранот Armin van Buuren на 4 август.
Во Општина Куманово денеска ќе биде промовирана Младинска повелба за мир, документ со препораки за надминување на меѓуетнички конфликти и зајакнување на соработката и дијалогот помеѓу заедниците.
Во рамки на „Мавровско-реканското културно лето“ што го организира Општина Маврово и Ростуше, во Ростуше се одржа манифестацијата „Питијада 2018“.
Најмалку 30 минути се чека на граничниот премин Евзони - Богородица, на грчка страна, за влез во Македонија. На преминот има километарска колона возила кои чекаат да влезат во земјава и да го продолжат патувањето, информираат за МИА македонски граѓани.
На граничниот премин Богородица, на македонско-грчката граница, за влез и за излез од земјата се чека до 20 минути, информираат надлежните од граничниот премин.
На нашиот најфреквентен граничен премин „Богородица“ во моментот за излез и влез во државата се чека најмногу петнаесетина минути, информираат за МИА од дежурната гранична служба.