Претставници од општинскиот Сојуз на борците од НОВ на Виница и од Армијата на Република Македонија ја одбележаа 74-годишнината од формирањето на Четвртата македонска бригада, една од најзначајните воени структури која во тој период го обезбедувала заседанието на АСНОМ.
Стариот градски парк во Куманово, сместен покрај течението на Липковка, е мини оаза која со столетните дрвја нуди воздушна бања за посетителите во врелите летни денови. Лоциран во близина на автобуската станица паркот во минатото бил култно место за рекреација на старите кумановци. Извесен период градскиот парк беше запуштен и многу ретко граѓаните се релаксираа во него.
Во Охрид денеска е презентирана опрема за спасување обезбедена во рамки на прекуграничниот проект „Регион Охридско Езеро – безбедна дестинација за авантуристички туризам“. Со проектот се планира и да се формираат центри за спасување на планина и на вода во Охрид, односно Поградец.
Гостиварската локалната самоуправа се придружи во хуманитарната кампања „Македонија ти си сончоглед“ што ја спроведува Фондацијата „You are sunflower” со која се прибираат средства за помош на децата хоспитализирани на Клиниката за радиотерапија и онкологија во Скопје.
Набавена е специјализирана опрема за спасување на вода и планина во рамки на проектот „Охридско Езеро-безбедна дестинација за авантуристички туризам“ што ќе биде промовиран денеска во Охрид.
Музичката програма на „Охридско лето“ продолжува вечерва со концертот „Дуо пијано“ на уметниците Иво Варбанов и Фиамета Тарли во катедралната црква „Света Софија“.
Од невремето со дожд и удар од гром настанал дефект на трафостаница во Керамидна во новиот дел на Велес и жителите на оваа населба околу четири часа беа без електрична енергија, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи.
Од МТСП посочуваат дека главен мотив за згрижување на дете во своето семејство првенствено е желбата да се помогне на децата кои од најразлични причини биле напуштени или одземени од нивните родители.
Со полагање цвеќе и помен парастос на споменикот посветен на четворицата киднапирани и убиени жители Македонци на селото Непроштено за време на конфликтот во 2001 година доцна попладнево беше одбележана 17-годишнината од овие трагични настани.
Земјоделците од Прилепско, посебно од атарите на селата Мало и Големо Коњари се неутешни по денешното невреме проследено со пороен дожд и град во кое сто отсто им е уништен родот, главно, тутунот, пиперките и дел од житните култури.