Набавена е специјализирана опрема за спасување на вода и планина во рамки на проектот „Охридско Езеро-безбедна дестинација за авантуристички туризам“ што ќе биде промовиран денеска во Охрид.

Проектот е финансиран од ИПА Програмата на ЕУ за прекугранична соработка, а кофинансиран од Министерството за локална самоуправа.

На настанот ќе присуствуваат министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски и претставникот на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија, Никола Бертолини.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/07/2018 10:20