Водата во делчевското село Ѕвегор е неисправна за пиење. Анализите направени на чешмата од селскиот водовод во село Ѕвегор покажала бактериолошка неисправност исто како и онаа во т.н. Чешма џамија во село Вирче и водоводната чешма во село Град.
Ѓубре ги дочекува туристите кон Тиквешко Езеро, реагираат од еколошкото друштво Тисовец од кавадаречко Возарци, село кое е во близина на втората по големина вештачка акумулација во државата.
На спортскиот полигон „Стенковец“ во близина на Скопје викендот се одржа третиот по ред ,,Off Road Show 2018”.
Реката Луда Мара во Кавадарци потемне поради тоа што одделни кавадарчани кои печат ракија во овој период од годината исфрлаат во неа комиње, кое останува по производството.
Жените бизнисменки обезбедија донација за прилепскиот Здравствен дом. Во хуманитарката акција организирана во март годинава преку продажба на слики Марили бизнис клубот обезбеди 3.150 евра кои здравствениот дом ги искористил за набавка на неопходни работи.
Претставници на Хидрометеоролишките служби на 14 држави од регионот на Југоисточна Европа ќе учествуваат на 17. неформална Конференција на директори на Хидрометеоролошки служби од ЈИЕ заедно со постојаните претставници во Светската метеоролошка организација, како и на 4. Состанок на Конзорциумот на Југоисточна Европа за оперативна прогноза (SEECOP-4) што се одржуваат во Охрид.
Со положување цвеќе на спомен-бистата на паднатите борци од Народноослободителната борба на плоштадот „Карпошово востание“ во Крива Паланка денеска почна одбележувањето на 8 Октомври - Денот на ослободување на oпштината.
Нивото на реката Вардар кај Јегуновце е двојно пониско од просекот за октомври, покажуваат денешните хидролошки мерења на УХМР.
Врвни светски готвачи повторно ќе се сретнат во Македонија, а поводот е стартот на Третиот меѓународен гастрономски натпревар - ГастроМак Македонија 2018, којшто се одржува од денеска до 12 октомври во Струмица, а традиционален домаќин повторно ќе биде Хотелот Вила Парк.
Клубот на млади при Црвениот крст во Делчево по повод Неделата на млади организираше хуманитарна акција за собирање средства за лица од семејства во социјален ризик.