Македонија се уште не може да каже дека има земјоделски задруги. Вкупно ргистрираните 38 се многу малку и преку нив се пласираат едвај девет проценти од вкупното производство, беше речено на денешниот настан по повод Светскиот ден на задругите.
Од Авто мото сојузот на Македонија потсетуваат и оти на сила е забраната за тешки товарни возила на државните патишта во Република Македонија.
Времето денеска претпладне во Македонија во северните и источните делови ќе биде облачно со врнежи од дожд проследени со ретки грмежи.
СВР-Битола соопшти дека е утврден идентитетот на мајката чие женско бебе деновиве беше пронајдено оставено пред вратите на ЈУ Дом за доенчиња и мали деца во Битола.
Од 16:10 часот сообраќајот е во прекин на патот Кратово - Страцин кај местото Превалец, поради сообраќајна незгода, информираат од Автомото сојузот на Македонија.
Како што соопшти УХМР, услови за нестабилност ќе има и во скопскиот регион. Преку ноќта облачноста ќе се зголемува и претежно на истокот ќе има краткотраен дожд.
Нуркачкиот клуб „Амфора“ и Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид денеска на Градскиот плоштад организираа изложба на подводни фотографии.
Во организација на Домот на културата од Гевгелија, синоќа пред платото на градската библиотека „Гоце Делчев“ беа промовирани петте досега излезени изданија од стрип едицијата „Лифт“ која на посовремен начин ја продолжува традицијата на стрип списанието кое излегуваше од 1995 до 2001 година.
Штипската Клиничка болница неколку години наназад има недостиг на кадар. Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека веќе доставил барање до Министерството за здравство за вработување на 100 лекари, медицински сестри, болничари, технички и медицински кадар.
Неколку млади луѓе од селото Сачево денеска ги крпеа дупките на патот што води од нивното село. Велат дека подолго време општина Струмица не го исполнила ветувањето дека ќе ги санира оштетувањата на овој патен правец.