Во тек е тендер за изработка проект за обиколница во Ресен, најави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески при денешната посета на општината.
Започна бербата на најраните сорти трпезно грозје во Тиквешко. Претседателката на националната Федерација на фармери, Васе Мојсовска информираше за МИА дека во моментов се берат сортите „прима“ и „ранка”, а за некој ден ќе стартува и бербата на „кармен” и „кардинал”.
Градот Крушево со поддршката од Агенцијата за млади и спорт и од Агенцијата за промоција на туризмот, од 9 до 21 јули ќе биде домаќин на 20. Европското и 8. Светско првенство во змејарство.
Приходите на Општина Гостивар за шестте месеци од оваа година достигнаа вкупен износ од 467.660.829 денари, што претставува 44,30 отсто од планираните приходи за буџетот од 2018 година кои изнесуваат 1.055.777.000 денари.
Дени Перов од Струмица е најдобар и најбрз келнер на Трката што синоќа се одржа на Плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица во рамките на отворањето на годинашново издание на Струмица опен фестивал.
Првата меѓународна конференција на тема „Современи безбедносни и одбранбени предизвици, ризици и закани во Југоисточна Европа со фокус на балканскиот регион“ денеска ќе се одржи во комплексот Етно село, во близина на Куманово.
Прирачник за иселеници, сликовница за изучување на мајчин јазик и Веб-страница ќе промовира денеска директорот на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, Никола Шалваринов, како нови проекти на оваа институција.
Книжниот фонд на библиотеката „Тане Георгиевски“, збогатен е со нови 314 наслови или вкупно 885 книги, информираа денеска надлежните од јавната општинска Установа.
Од 5 до 12 јули во Кочани ќе се одржи манифестацијата „Петровденски конаци“, со која ќе се одбележи Петровден, празникот на градот.
Седмото издание на „Струмица опен фестивал“ почнува вечерва со Трка на келнери. Овој настан е во рамките на оф програмата и прв од дваесетте што ќе се реализираат годинава.