Проектот „Зголемување на учество на лица со попреченост во изборниот процес“ е поддржан од Американската амбасада и се реализира од 2016 до 2018. Ги дава очекуваните резултати, зашто говори и фактот дека првично требаше да се реализира една година, а потоа се пролонгираше за уште една“, вели Благица Димитровска од „Инклузива“.
Истече дополнителниот рок во кој можеше да се комплетира потребната документација за барањата за легализација на дивоградби поднесени до општините во тек на 2011 и 2016 година.
Панел - дискусијата е насловена „Декриминализација сега!“, а .според организаторите, говорници се пратеничките на ДОМ и на ЛДП, Маја Морачанин и Јулиана Николова, Дамјан Божиновски од Левица, Наташа Бошкова претставник од ХОПС и Коалиција Маргини и Јанаки Митровски адвокат и член на БИЛКА.
Македонија треба да ја ревидира политиката во индустријата, да ги следи промените на глобално ниво, а бизнис заедницата, особено преработувачката, да размислува за воведување „паметни“ фабрики, дигитализација, „зелени“ индустрии и софистицирани системи, порачаа учесниците на денешната средба.
Во касарната во Кичево денеска беше одбележан денот на загинувањето на народниот херој Чеде Филипоски Даме.
Во центарот на Крушево денеска е отворен „Инфо параглајдинг центар“ кој ќе нуди комплетни информации за параглајдеристите што доаѓаат од цел свет во Крушево но и на сите спортисти кои ќе уживааат во авантуристичкиот туризам во Крушево.
Охриѓани и гостите од понеделник наплатата за паркинг во градот треба да ја вршат со смс пораки на телефонскиот број 144 644.
Ќе се подобрува водоснабдувањето во Кавадарци со проект на КФВ банката за што се очекува на наредната седница на Владата да помине одлуката и врз основа на тоа да се склучи договор меѓу банката и Министерството за транспорт и врски, за да може да се користат парите.
Ако не создадеме квалитетен советодавен систем во земјоделството, да си дадеме оставка и да си одиме дома, истакна денеска ресорниот министер Љупчо Николовски на јавната дебата што ја организира Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ).
Седмиот „Струмица опен фестивал“ ќе се одржува од 10-ти до 19 август, соопштија денеска на прес-конференција организаторите на фестивалот - Здружението „Културно-забавен живот“ заедно со градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, и претседателот на Советот, Марјан Даскаловски.