Општинската организација на Сојузот на борци за Куманово ја одбележа 75-годишнината од излегувањето на првите кумановски партизани.
Најавеното прво прскање против комарци во Југоисточниот плански регион повторно е одложено. Од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион информираа дека прскањето против комарци нема да се изврши утре, туку на 1 јули.
Употребата на дроги од социјален, културен, здравствен и правен аспект, како и практиките за намалување на штети е темата на денешната панел дискусијата насловена „Рекреативна употреба на дроги“ во организација на ХОПС (Helthy Options Project Skopje).
Во Центарот за обука „Пепелиште“ на армискиот полигон „Криволак“ денеска ќе започне деветтиот „Летен кампус 2018“ на кој ќе учествуваат 116 питомци од 11 земји од кои поголемиот дел членки на НАТО.
Од 20:30 часот е нормализиран сообраќајот за сите возила на патниот правец Радовиш - Штип, соопшти вечерва Авто мото сојузот на Македонија.
Водостоите на реките се под просекот или околу просекот за овој период од годината и најавените врнежи од дожд не би требало да предизвикаат излевање.
Министерот за образование и наука Арбер Адеми учествува на 7. Министерски состанок што денеска и утре се одржува во Брисел, во организација на Европската комисија, а во рамки на Платформата за образование и обука на земјите од Западен Балкан.
Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев ќе биде покровител на годинашната прослава по повод 70 години од основањето на Институтот за национална историја (ИНИ), соопшти владината прес-служба по денешната средба на премиерот со делегација на ИНИ предводена од директорот Драги Ѓоргиев, кој воедно е и дописен член на МАНУ.
Жителите од кумановските села Горно и Долно Којнаре и од улицата „Никола Тесла“ во наредниот период ќе треба да се движат по друг пат за да стигнат во градот.
Јапонија е заинтересирана за продолжување на соработката со општина Кочани, посебно во сферата на образованието што беше започната со грантот за реконструкција на училишната зграда во селото Горни Подлог.