Црвениот Крст од Крива Паланка на свеченост по повод Светскиот ден на крводарителството - 14 јуни, денеска додели благодарници и значки за остварени крводарувања во текот на изминатата година на вкупно 35 крводарители од Крива Паланка и Ранковце.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) објави оглас за закуп на земјоделско земјиште.
Општина Кочани ќе им додели бесплатен градежен материјал на социјално загрозените жители чии домови подолго време се руинирани или пак биле оштетени од невремето во изминатиот период.
Од невремето во средата најмногу настрадаа житните култури, лозјата, овошните насади и градинарството, но предизвикани се и материјални штети.
На 181 точка низ Македонија треба да се постават системи за заштита од град. Приоритетни се Ресен, Преспа, Тиквеш и Струмичко како најранливи региони. Процесот за нивна набавка е почнат, а се очекува да биде заокружен идната година.
Преку 140 експерти за управување со земјиште од над 30 земји и организации од Европа и Централна Азија на работилница во Скопје ги дискутираат препораките од Регионалната студија на ФАО за легислативата за окрупнување на земјоделските површини.
Вкупно 153 барања доставиле семејства од социјален ризик од Куманово, за користење на услугата бесплатен летен одмор, проект на Министерството за труд и социјална политика и Владата на Република Македонија.
Според досегашната успешна соработка со ЕУ и искуствата што од неа ги стекна општината преку реализација на проекти во рамки на прекуграничната соработка и успешното справување за време на бегалската криза, општина Гевгелија веќе ги применува eвропските стандарди и вредности.
Во Скопје денеска почнува тридневната Меѓународна работилница ЛЕНДНЕТ што ја организира ФАО со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Во Велес денеска ќе се одржи Форумот за јавни политики на тема „Справување со дезинформациите - комбиниран пристап на властите, граѓанското општество и медиумите за долгорочни решенија“.