Како што најавија организаторите на денешната прес-конференција, следниот викенд Вевчани ќе биде театар на отворено со изобилство од креативност и импровизација и центар на сатирата за настаните што ја одбележаа минатата година.
Македонската опера и балет и оваа година ќе го организира традиционалниот концерт за Василица. Насловен е „Simply the Best“ и ќе има две изведби, на 12-ти и на 13 јануари од 20 часот.
Утрово во 5 часот и 24 минути на 10 километри источно од Дојран беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени.
До крајот на годинава ќе може повторно да се поднесуваат барања за легализација на дивоградби, согласно измените на Законот за третман на бесправно изградени објекти, усвоени од Собранието на 22 декември минатата година.
Четири последователни земјотреси беа почувствувани во југо-источниот дел на Македонија, пред се во Гевгелија и Дојран.
Преполн плоштад, весели лица, богата програма и задоволни гости и домаќини. Вака синоќа Охрид ја дочека Новата 2018-та година со желби за многу здравје, успех и благосостојба.
Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска порача дека Владата ги менува политиките во делот на искористеноста на ИКТ во образованието.
Спортско-риболовното друштво „Мрена“ од Крива Паланка изврши порибување на браната на Отошничка река со 102 килограми крап, активност согласно годишните обврски од договорот за годишна концесија.
Индустриски објект за полнење и флаширање на природна вода „МАYA“ во село Гари на архитектот Александар Карангелов е најуспешното архитектонско дело во 2017 година.
Министерството за труд и социјална политика заедно со повеќе општествено одговорни компании обезбедија новогодишни пакетчиња за децата згрижени во институциите и дневни центри под надлежност на ова Министерство.