Со утринска свечена литургија во црквата „Свето Благовештение“, чествување пред параклисот во центарот на градот и со посна трпеза за сите на булеварот „Гоце Делчев“, Прилеп денеска, организирано по 12-ти пат, го прославува светецот заштитник на градот „Свети Никола“.
Со литија во центарот на градот и делење на славскиот колач, денес штипјани го отпочнаа чествувањето на големиот христијански празник Св.Никола, патрон на Штип.
Изградбата заврши во период од една година и станува збор за објект со модерна технологија каква што ја познава Европската унија, нешто во што Струмица е лидер кога станува збор за реализација на проекти со нови технологии и решенија, рече Заев.
Работилницата официјално ќе ја отворат амбасадорот на САД Џес Бејли, заедно со министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.
Во манатирот „Свети Димитрија“ во прилепското село Селце, прилепчанките денеска ги приготвуваат традиционалните мали посни сарми за прославата на патрониот празник на градот „Свети Никола“.
Градоначалничката Петровска до сите свои сограѓани испрати честитка по повод Денот на заштитникот на градот, притоа нагласувајќи дека, секој човек треба да живее почитувајќи ги најголемите човечки вредности.
Финансиска полиција ги проверува тендерските постапки во штипското комунално претпријатие „Исар“, реализирани од претходното раководство на компанијата, соопшти новиот в.д. директорот на ЈП „Исар“, Живко Тасев, додавајќи дека постојат индиции за прекумерно трошење пари.
Охридскиот Завод и Музеј поднесе кривична пријава против поранешната директорка Тања Паскали – Бунташеска поради неспроведување судска одлука, со што нанела финансиска штета од околу 120 илјади евра и на тој начин довела до блокирање на сметката на Установата.
Активностите ќе се реализираат преку електронски медиуми, социјалните мрежи, билбордите и во локалите и објектите каде што младите ќе се забавуваат во пресрет на најлудата ноќ.
Александар Николов од Асоцијацијата Зенит смета дека предложените законски текстови не одговараат на препораките од ЕУ, во смисла дека треба да се отстрани директниот пристап на државните органи во целокупниот телекомуникациски сообраќај.