Над 800 планинари од земјава, Балканот и пошироко се очекува да учествуваат на годинешното 37. традиционално искачување на највисокиот врв на Шар Планина - Титов Врв висок 2.747 метри што претстојниов викенд го организира планинарскиот клуб Љуботен од Тетово.
Прилеп ќе му подигне спомен плоча на Ненад Серафимоски, припадник на полициските сили кој го загуби животот во настаните поврзани со Диво Насеље.
Иако поставената стратешка рамка на општина Струмица целосно соодветствува со програмските приоритети на ИПА програмите, досегашното ограничено учество главно се должеше на опструкциите од страна на пртходната централна власт.
- Обвинението беше дека вршел притисок, дека нудел вработувања, нудел различни бенефиции за да се гласа за ВМРО-ДПМНЕ, но сето тоа беа вербални докази и не беа поткрепени со ниту еден доказ, имаше и контрадикторни изјави.
Началникот на генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал потполковник Методија Величковски учествува на 12. Конференција на началниците на генералштабови (НГШ) на армиите на балканските земји во Белград.
“Манастирски бисери” е насловена Изложбата на фотографии што денеска беше отворена во Музеј галеријата во Кавадарци, по повод утрешниот празник свети Кирил и Методиј.
Затнување на еден од каналите за отпадна вода од поранешниот текстилен комбинат „Македонка“ е причина за загадувањето на Брегалница што се случи кон крајот на април.
Штип го намалува долгот за бесплатниот превоз на ученици од соседните општини, но поради високите цени кои ги нудат транспортните фирми тендерската постапка е поништена.
Чистење на крајбрежјето на градот во пресрет на туристичката сезона е целта на големата еколошка акција „Мој Охрид, чист Охрид“ што на 9 јуни ќе се спроведе на пошироката територија на градот и долж крајбрежјето на Охридското Езеро.
Тимот на македонски и странски архитекти предводен од архитект Сара Симоска во втората фаза на конкурсот „ДОМ Русија“ за стандардно домување го освои второто место во категоријата Централен модел (розова боја).