До крајот на неделава ќе преовладува сончево и топло време со температура до 29 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Земјотрес со јачина од 4,5 степени денеска во 11 часот и 55 минути беше почувствуван во битолскиот регион.
Во Маврово изутрината започна меѓународниот натпревар во параглајдерство што се одржува по шести пат. Годинава, учесниците ќе се натпреваруваат во дисциплината прецизно слетување.
Лозари денеска протестираат пред винарската визба „Повардарие“ од Неготино, поради неисплатени обврски од страна на винарницата.
Како што рече амбасадорот на Словенија Милан Јазбец, институциите треба да се способни да ја подготват потребната документација, да ги спроведат регуларно процедурите и да овозможат средствата да дојдат до вистинските корисници.
На 5 ноември истекува рокот за поднесување барања за директни плаќања за произведено и предадено овчо, козјо и кравјо млеко во периодот од мај до септември годинава, а висината на поддршката изнесува 3,5 денари по литар.
На манифестацијата „Питијада 2017“ во Велес денеска ќе се сече џиновската пастрмајлија подготвена од велешките пекари.
Во Велес вечерва на улицата „Благој Ѓорев“ во новиот дел на Велес започнува 14. по ред „Велешка Питијада 2017“ што ја организира Општина Велес во соработка со велешките кафеани, ресторани, кафетерии и винариите од Велес и регионот.
Квалитет и безбедност на храна, здравје и нутриционизам, е темата на Меѓународниот конгрес „Нутрикон 2017“, што ќе се одржи од денеска до 7 месецов во Скопје.
Времето утре во Македонија ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност, во западните делови со умерен до засилен западен ветер.