Општина Гевгелија денеска објави тендер за реконструкција на градскиот стадион на кој новиот второлигаш Кожуф ќе ги игра натпреварите од фудбалското првенство на Македонија.

Реконструкцијата опфаќа изведба на градежно занаетчиски работи на дел од градскиот стадион за кои ќе бидат потрошени повеќе од еден милион денари.

– Преку тендерот кој истекува на 14-ти месецов, бараме комплетна изградба на заштитна мрежа, изработка на подконструкција за поставување седишта на трибините и изградба на боксови за екипите, службените лица на ФФМ и за новинарите, соопштија од службата за односи со јавноста.

Ова, велат од Општината, се само неопходните услови за уредување на стадионот во Гевгелија кои мора да бидат исполнети до почетокот на есенскиот дел од државното фудбалско првенство.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2017 12:09