Центарот за развој на Источниот плански регион заедно со општина Зрновци ќе го реализираат овој туристички комплекс кој ќе ги поврзува општините под Плачковица.
Повардарската епархија со седиште во Велес традиционално и годинава, денеска го организираше десетото бесплатно групно крштевање во водите на реката Бабуна во близина на Велес.
Свадбата ќе почне вечерва во 19.30 часот, со китење, редење на бајракот и фрлање пушка, а утре наутро во 9 часот ќе продолжат обичаите меѓу кои централен настан ќе биде венчавката во црквата „Св. Петар и Павле“.
Руен по десетти пат ќе ги собере љубителите на планината од Македонија и Бугарија на традиционалната средба „Балканот без граници“.
Жителите на општина Дојран на 23 јули на локален референдум ќе се изјаснат дали се „за“ или „против“ продолжување со работа на рудникот „Казандол“ кој се наоѓа на територијата на соседната општина Валандово.
На седница повторно не беа присутни најголемиот дел од советниците на ВМРО-ДПМНЕ кои заедно со претседателката на Советот, Јасмина Сечкова, се на ставот дека Советот како институција нема надлежност да расправа за отворање рудници.
Планинарското спортско друштво „Осогово“ од Кочани во текот на вчерашниот ден го реализираше традиционалниот десетти по ред планинарски Петровденски марш со искачување на врвот Царев Врв на 2.085 метри.
Четири земјотреси утринава се регистрирани во Охридскиот Регион, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина 2 километри, на 14 километри североисточно од Охрид и на 8 километри источно од Косел.
Земјотрес со магнитуда од 3.7 степени по Рихтер е регистриран во 21.31 часот со епицентар на 6 километри од село Косел и длабочина од 2 километри.