Во Индустриската зона 2 во Штип се подобрува инфраструктурата. Почна асфалтирањето на неколку пристапни улици во оваа зона, а денеска увид во градежните работи беше градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов
Во трка за ректорското место се шест кандидати, кои претходно се пријавија на јавниот повик, а Универзитетската изборна комисија ја утврди уредноста на пријавите.
За по еден сантиметар е зголемен водостојот на Преспанското и на Охридското Езеро, додека нивото на Дојранското Езеро е исто како вчера
Претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Во попладневните часови ќе има ќе има развој на нестабилна облачност со повремен пороен дожд и грмежи
Придобивките од 4-та индустриска револуција како механизам за враќање на довербата во правосудството” е темата на Европскиот самит за дигитализација на судството кој од денеска во наредните три дена ќе се одржи во Охрид во организација на Министерството за правда, а под покровителство на претседателот на државата Стево Пендаровски
Времето денеска ќе биде прoменливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилни врнежи и услови за појава на град
Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери врз основа на Изборниот законик, денеска распиша избори за градоначалници на Општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа за 20 август 2022 година.
Кумановци повторно вчера почуствуваа силна непријатна миризба на изгорена гума, пластика по 22:30 часот. Тие реагираа дека мирисот е неподнослив и дека не можат да проветрат простории, ниту пак да излегуваат надвор.
Најголеми штети од невремето што вчера попладне го зафати неготинско, според првичните податоци од терен, има во месностите ,,Калдрма”, ,,Скрка”, ,,Бутче”, ,,Црно поле”. Ова го изјави денеска за МИА, градоначалникот на Неготино, Горан Стојанов.
Зголемен е бројот на пациенти кои бараат помош од убоди од крлежи и други инсекти во општата болница Куманово, информираа денеска од инфективното одделение